Достапни линкови

Турција нема да го блокира изборот на Расмунсен за НАТО


Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави денеска дека неговата земја нема да стави вето на изборот на данскиот премиер Андерс Расмунсен за нов генерален секретар на НАТО и покрај аферата со карикатурите на пророкот Мухамед, што почна од Данска. Ѓул оцени дека Расмунсен е еден од најуспешните премиери во Европа и оти не треба многу да се зборува за верскиот аспект, бидејки тоа води кон поделби.
XS
SM
MD
LG