Достапни линкови

Уапсени 32 авганистански емигранти


Тренинг апсење на македонската полиција

Тренинг апсење на македонската полиција

Зачестеното апсење на авганистански емигранти, може да се поврзе со спорот за името што Македонија го има со Грција, оценуваат дел од аналитичарите. За други пак тоа е редовната полициска процедура и нема ништо намерно во апсењето на емигрантите. За една недела
За Македонија важно е да воспостави што поголема контрола на вакви групи, бидејќи можно е во вториот круг да ни направат проблем, по порачка на грчките служби
се уапсени 32 авганистански државјани. Првин 16 луѓе кои се обидeле илегално од Грција да влезат во Македонија, потоа уште 16, уапсени во две одделни акции во Кумановско. Според податоците на полицијата , неколкумина од уапсените имале документи за привремен престој во Грција, но податоците не се поклопувале со идентитетот кој самите го пријавиле.
За професор Стефан Буџаковси, инцидентите се секогаш порачани, и тоа што има толку апсења во период на избори не е случајно.

,,За Македонија, среќна околност е она што не се случи за време на изборите. Значи, можеа да ги употребат. За Македонија важно е да воспостави што поголема контрола на вакви групи, бидејќи можно е во вториот круг да ни направат проблем, по порачка на грчките служби."

вели професор Буџаковски
Полицијата 24 часа си ја врши својата работа, а тука се работи за организирани криминални групации кои се занимаваат со некој вид криминал


Професор Владимир Пивоваров пак објаснува дека Македонија е транзитна зона низ која често поминуваат организирани групи на емигранти., кои не се дојдени да се задржат во земјава.

,,Апсолутно ова прашање не може да се поврзе со нешто намерно или не. Полицијата 24 часа си ја врши својата работа, а тука се работи за организирани криминални групации кои се занимаваат со некој вид криминал."

објаснува Пивоваров и додава дека за влез во Европската Унија треба да се исполни и факторот за успешно справување со ваков вид на организиран криминал.

Уапсените авганистанските државјани, се предадени во прифатниот центар за странци во Скопје, во кој престојуваат вкупно 38 авганистански државјани. Последна земја во која тие престојувале пред да бидат уапсени е Грција. Според договорот за реадмисија, што Македонија го има потпишано, Грција треба да ги превземе Авганистанците., а тоа досега не го направила.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG