Достапни линкови

Како поддршката на Германија влијае на македонските НАТО аспирации?


Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Според домашните експерти, изјавата на Меркел може само да не орасположи. Но, тие истакнуваат дека за членство во Алијанса е потребно решевање на проблемот со името со Грција

Поддршката на Германија за влезот на Македонија во НАТО нема да ја исполни празнината на наредниот самит на Алијансата и фактот што Македонија останува зад вратите на оваа организација, оценува домашната експертска јавност по изјавата на германската
Ставот на Германија и другите европски сојузници е многу важен околу продолжувањето на процесот на продолжување, но не треба да се создава лажна надеж дека со вакви изјави ќе се помести овој процес
канцеларка Анѓела Меркел дека Македонија наскоро ќе биде дел од НАТО и покрај проблемот за името со Грција. Ваквата изјава вели проф. Лидија Георгиева не треба да создава лажна надеж дека наскоро работите ќе се поместат во наша корист.

,,Ставот на Германија и другите европски сојузници е многу важен околу продолжувањето на процесот на продолжување, но не треба да се создава лажна надеж дека со вакви изјави ќе се помести овој процес."

Изјавата на Меркел е за поздравување, но освен што моментално ќе не расположи таа нема да го реши реалниот проблем кој Македнија го има со нашиот јужен сосед, вели проф. Мерсел Биљали.

,,Може само да не орасположи, но ништо не менува, ние проблемот треба да го решиме."

Најавите дека НАТО треба да ги менува условите за прием на нови членки, односно одлуките да се донесуваат со консензус минус еден или два, упатените ги оценуваат како добра можност да се промени начинот на функционирање. Сепак тие потенцираат дека и доколку се случи тоа ќе биде потребно многу повеќе време.

,,НАТО во овој момент, на 60 годишнината од постоењето, секако дека заслужува да биде преиспитан и секако дека мора да ги утврди
Може само да не орасположи, но ништо не менува, ние проблемот треба да го решиме
своите наредни правци на развој. Но, не сум оптимист дека токму по прашањето на проширувањето овој процес ќе биде променет или дека ќе може да се очекува брзо решение за ваквиот начин на донесување на одлуки."

,,Ќе треба многу години да поминат додека не се усвои таков начин на институционално решавање, во рамките на органите на НАТО."

Во однос на шансите а земјава за нато интегрирање, аналитичарите велат дека не е доволно само исполнувањето на потребните критериуми за влез во Алијансата.

,,Треба да се добие поддршка и помош од останатите члени на НАТО за процесот да биде откочен и да не претставува пример за останатите држави кои претендираат да бидат членки на НАТО."
,,Ние немаме друга алтернатива, освен да седнеме, да бидеме активни во однос на преговорите и да се напушти една политика која и дава шанса на Грција перманентно да не сатанизира."

оценија Георгиева и Биљали.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG