Достапни линкови

logo-print

Во Чешка неформален министерски состанок на ЕУ


Денеска во замокот Хлубока над Влтава, некогашно седиште на племенската лоза на актуелниот чешки министер за надворешни работи Карел Шфарценберг започнува неформалниот дводневен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на кои утре ќе им се придружат шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан. Данес главни теми се развој на ситуацијата на Блискиот Исток, мисијата на Европската Унија во Авганистан, и Источното Партенерство со бившите советски републики. Утре пак. на министрите на Европската Унија ќе им се придружат колегите од земјите кандидати за членство од Хрватска, Турција и Македонија, како и министрите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Главна и единствена тема на вториот, завршен ден е европската интеграција на западниот Балкан.
XS
SM
MD
LG