Достапни линкови

Да не се ограничува слободата на печатот!


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја предупреди синоќа Турција да не носи одлуки кои можат да ја ограничуваат слободата на печатот. Целосното почитување на слободата на печатот е важна во Европската унија, рече Баросо на прес-конференција со турскиот претседател Абдула Ѓул, кој е во Брисел во обид да ги забрза преговорите за членство во Унијата. Станува збор за одговор на новинарско прашање за глобата во износ од околу 500 милиони долари, која турските даночни власти и ја наложија на најголемата медиумска група во земјата „Доган“.
XS
SM
MD
LG