Достапни линкови

logo-print

Поранешен затвореник во Гвантанамо ја обвинува МИ 5 за тортура


Британската полиција ќе ги истражува обвинувањата од поранешен затвореник во Гвантанамо дека тајната агенција МИ 5 е вклучена во тортурата која била вршена врз него. Адвокатката на затвореникот Бинјам Мохамед побара полицијата да почне истрага која ќе докаже дали таквите обвинувања се вистинити. Мохамед вели дека тој бил измачуван во Пакистан и Мароко пред да биде префрлен во затворот Гвантанамо на Куба во 2004-та година.
XS
SM
MD
LG