Достапни линкови

Меркел се надева дека и Македонија наскоро ќе биде дел од НАТО


Германскиот канцелар Ангела Меркел во денешното обраќање во Бундестагот пред јубилејниот самит на Алијансата, изрази надеж дека во блиска иднина и членството на Македонија во НАТО ќе биде возможно и нема да пропадне заради проблемот со името. Во говорот таа изјави дека проширувањето на Алијансата е значајано и не треба да бие ставено во втор план. Не смее да се дозволи некои да вметнуваат сопствени правила преку вето и стари размислувања, рече Меркел. Таа исто така се заложи за темелно стратешко преориентирање на НАТО, но посочи дека Алијансата не треба да стане глобална организација.
XS
SM
MD
LG