Достапни линкови

Косовскиот вицепремиер го повика УНМИК да се повлече


Косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи денеска ги повика државите кои имаат свој персонал во УНМИК да го повлечат, со образложение дека мисијата „ја изгубила смислата на постоење и дејствување во Косово“. Кучи рече дека одлуката на Велика Британија да го намали бројот на своите припадници во мисијата ЕУЛЕКС не е причина за вознемирување. Во меѓувреме, опозицијата во Косово изразува загриженост поради намалувањето на бројот на припадници на ЕУЛЕКС.
XS
SM
MD
LG