Достапни линкови

Тополанек ја предаде оставката на владата


Премиерот на Чешка Мирек Тополанек денеска на претседателот Вацлав Клаус му ја предаде оставката на неговата влада откако во вторникот Парламентот и изгласа недоверба. Претседателот Клаус одби да каже кој ќе биде следен премиер на земјата, а до именувањето на новата влада, сегашната останува во функција. Чешка е актуелен претседавач со Европската Унија.
XS
SM
MD
LG