Достапни линкови

Обама одржа он-лајн сесија


Американскиот претседател Барак Обама денеска оддржа он лајн сесија, на која учесниците можеа да поставуваат прашања поврзани пред се со економијата. Ова е прва он-лајн сесија во историјата на Белата Куќа и е во согласност со заложбата на Обама дека ќе ја користи технологијата со што ќе ја направи власта поодговорна.
Кога се борев за претседателската функција, ветив дека ќе ја ,,отворам“ Белата Куќа за американскиот народ. Сега, имам задоволство да одговарам на вашите прашања и да ги чујам вашите размислувања и грижи, рече Обама. Белата Куќа соопшти дека повеќе од 100 илјади прашања биле испратени пред сесијата која директно се пренесува на интернет.
XS
SM
MD
LG