Достапни линкови

Талески, старо-нов градоначалник на Битола


Битола

Битола

Владимир Талески од ВМРО-ДПМНЕ кој битолската општина ја водеше во изминатите четири години, ја доби довербата на своите сограѓани за уште еден градоначалнички мандат на неодамна одржаните локални избори. Од над 44 илјади граѓани кои го оствариле гласачкото право во Битола за него гласот го дале 62 проценти. Тој освои над 27 илјади гласови, што е далеку повеќе од оние кои ги имаше на изборот пред четири години. Со ваквиот резултат Талески издвојува победа уште на првиот круг од изборите за градоначалник. Освен градоначланичкото место и локалната власт во Битола ќе биде во рацете на владеачката партија. За советничката листа предводена од Лилјана Кузмановска гласале 44 проценти од гласачите. Тоа ќе им овозможи во новиот општински совет од вкупно 31 советник, повеќе од половина поточно 17 советници да бидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Секој кој сака добронамерно да помогне во градењето на поубава Битола крајно време е да престане со ситно партиски пребројувања и колку што може да помогне. Локалните избори во Битола завршија. Ние до сите упатуваме покана за соработка. Време е во советот наместо на своите, сите да им се посветиме на интересите на една партија нејзиното име е Битола.“

изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Анита Ангелевска.
Опозициониот СДСМ со својот градоначланички кандидат Дијана Ѓоргиевска освои за 2,2 пати помалку гласови од оние на Талески. За првата дама кандидат за градоначалник на Битола гласаа нешто повеќе од 12 илјади гласачи. За советничката листа на оваа партија, предводена од професорот Томе Наумов гласаа 23 проценти од гласачите, што е за половина помалку од ВМРО-ДПМНЕ. Овој резултат ќе им овозможи во советот да имаат девет советници.

„Ќе иницираме создавање на силен и конструктивен опозиционен блок и ќе работиме во интерес на сите граѓани на општина Битола.“

„Овој пат одиме сами и имаме 9 советници, а претходно имавме седум. Во делот на кумулативните гласови доколку би биле коалиција немаше мирно да спие ВМРО-ДПМНЕ после овие избори.“

изјавија Ѓоргиевска и Наумов.
Изборите покажаа дека трета опција во Битола е ВМРО-Народна партија, која од помалите партии се пласира на трето место по освоени советнички места, дури три. Тоа е добар резултат со оглед на слабата активност за време на предизборната кампања. Позади нив се либерал-демократите со најмногу две советнички места. Нивниот кандидат за градоначланик Горан Савевски освои само 5,4 проценти од гласовите или за околу 1000 повеќе од четвртиот конкурент Христо Ѓоргиев Спанќо, кој иако прогласен за деловно неспособен од социјалните служби, редовно се кандидира за градоначалник на Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG