Достапни линкови

Ќе се надмине ли проблемот со курдските бунтовници?


Средба Ѓул-Талабани
Средба Ѓул-Талабани

Посетата на турскиот претседател Абдула Ѓул на Ирак, се оценува како прв поголем чекор во напорите за нормализирање на односите меѓу двете земји, од падот на режимот на Садам Хусеин. Пред шест години, Турција не дозволи американските трупи да ја користат нејзината територија за инвазијата врз Ирак. Една од причините беше стравувањето дека барањата за независна Курдска држава би можеле да се зголемат во Ирак, а тоа да ги ,,подгрее“ барањата за автономија на курдската популација која живее во Турција. Таквите стравувања сеуште се присутни во Турција, но многу што се измени во турските односи со ирачките курди во меѓувреме. Ѓул ја искористи посетата на Багдад, за да изврши притисок врз ирачките власти за лишување на Курдската работничка партија, а од ирачките курдски лидери стигнуваат охрабрувачки сигнали. Претседателот на Ирак Џалал Талабани, кој имено е лидер на една од двете главни партии на ирачките курди, изјави дека дека ,,Курдската работничка партија има два избори, или да го положи оружјето или да го напушти Ирак.“ Курдскиот новинар во Ирак Саме Шореш вели дека посета на Ѓул има две главни цели. Прво, курдските бунтовници да го изубат своето засолниште во Северен Ирак и да отстпат поради регионалните притисоци и второ нормализирање на односите меѓу Анкара и ирачкиот курдски регион, на што Турција долго време се спротивставуваше:

„Постигнат е договор споед кој Анкара објавува амнестија за борците од Курдската работничка партија. Второ, тие мора да најдат некоја западна земја што ќе биде подготвена да прифати борци од ПКК кои Турција нема да миже да ги амнестира, затоа што тие се лидери на ПКК.“

Шореш вели дека следните чекори ќе бидат договорени на состанокот во Ирбил следниот месец:

„Курдите во Ирак во првата половина од април ќе организираат национална коференција во Ирбил. Сите курдски политичари ќе учествуваат на неа, а можеби меѓу нив ќе биде и самата Курдска работничка партија. Целта на конференцијата е да се постигне заедничко разбирање меѓу курдите од Турција, Ирак, Иран, Сирија и како може да ги остварат нивните национални права на Блискиот Исток со мирољубиви цели.“

вели Шореш.








XS
SM
MD
LG