Достапни линкови

ЕУ мора да најде храброст за проширување


Балканот и Турција се стратегиски важни делови на Европ, се вели во анализата на Фајненшал тајмс.

Проширувањето на Европската унија од петнаесет на дваесет и седум земји е достигнување со кое треба да се гордеат сите влади на Унијата. Но, по се изгледа, дека иднината на проширувањето е затемнета, благодарение на тврдоглавото однесување меѓу членките и земјите кои сакаат да станат членки, се наведува во текстот на Фајненшал тајмс во кој се додава дека тоа е според предизборниот
манифест на германските демохристијани, партијата на канцеларот Ангела Меркел, за Европарламентот. Во него се вели дека по последното проширување на Унијата се потребни дополнителни напори и затоа, како што се цитира, Це Де У ја поддржува фазата на консолидација во текот на која треба да зајакнат идентитетот и институциите на Унијата со цел подобро да се подготви за натамошното ширење. Навистина, партијата на Меркел ја исклучува Хрватска чиј прием не би требало да доцни. Но, хрватскиот обид веќе наиде на проблеми од Словенија околу морската граница. Националистичката реторика кај двете страни ја ограничува можноста за компромис. Сите други влади на Европската унија се противат на словенечкиот обид да го искористи своето членство против приемот на друга членка. Но, Европската унија управува со конесензус, па Словенија тоа и го прави. Тука е и Кипар, или попрецизно меѓународно признатата влада на кипарските грци во поделениот остров. Тие ги опструираат преговорите на Турција со Унијата. Кон ова треба да се додаде дека кипарските грци знаат дека Меркел и Саркози се против полноправното членство на Турција во Унијата, а тука е и присуството на триесет илјади турски војници на Кипар. За разлика од ова пак, како што наведува Фајненшал тајмс, никаква в
Кога веста за преименувањето на автопатот по Алекснадар Велики стигна во Брисел, претставниците на Европската унија беа очајни. Ништо повеќе не можеше да ги зацврсти грчките ставови.
оена логика не стои зад грчкото одбивање да и се дозволи на Македонија да напредува во нејзините аспирации. Македонија е официјален кандидат уште од две илјади и петата година. Но, Грција се противи на употребата на името Македонија, бидејќи тоа значело закана за грчкиот територијален интегритет, културното наследство и националниот идентитет. Атина го спречи почетокот на македонските разговори со тоа што не и даде зелено светло на Европската комисија да го изрази мислењето за подготвеноста на земјата за членство. Но, вината не е целосно само на грците, се вели во текстот во кој се додава: Тоа го илустрира бизарната епизода во која е вклучен Александар Велики. Македонските лидери го преименуваа делот на магистрала север, југ која минува низ Македонија според Александар. Тоа е начин како да се поврзе античкиот македонски лидер со нивната модерна држава, односно со славо македонското мнозинство. Кога ова вест стигна во Брисел, претставниците на Европската унија станаа очајни. Ништо повеќе не можеше да ги зацврсти грчките ставови, пишува Фајненшал тајмс во текстот во кој се спомнуваат и тешкотиите на Босна и на Србија на нивниот пат кон Унијата. Историјата на проширувањето покажува дека, кога се влошуваат економските услови, опаѓа јавната и политичка поддршка за прием на нови земји. Никогаш од илјада деветстотини четириесет и петата година тие услови не беа толку лоши како сега. Но, Европската унија мора да собере храброст да ги реши споровите кои го блокираат нејзиното проширување. Балканот и Турција се политички кревки и економски загрозени, но и стратегиски важни делови на Европа. Ако примат порака дека се непожелни, цената што на крајот ќе ја плати Европската унија ќе биде многу поголема, се наведува во анализата објавена во Фајненшал тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG