Достапни линкови

Нема реакција на изјавата на Џон Кредок


Според опозицијата власта го има загубено компасот и изјавата на Кредок е доказ дека е потребен компромис за името. Аналитичарите пак, се сомневаат дека спорот за името ќе биде наскоро решен

Нема реакција од македонските надлежни органи по вчерашната изјава на врховниот командант на НАТО во Европа, Џон Кредок во која тој порачува дека Македонија ќе влезе во НАТО откако ќе најде компромис за името со Грција. Ваквата изјава за опозицијата е
Онаа еуфорична изјава веднаш по изборните резултати дека победила опцијата која не е за компромис и промена на името, само говорат дека во овој момент, Република Македонија со оваа власт всушност го има изгубено компасот
очекувана и таа е потврда дека тоа е единствениот пат за евроатланските интеграции на земјата.

„Сите овие лажни надежи дека не треба ништо да се прави, онаа еуфорична изјава веднаш по изборните резултати дека победила опцијата која не е за компромис и промена на името, само говорат дека во овој момент, Република Македонија со оваа власт всушност го има изгубено компасот,“

изјави Владо Бучковски, поранешен министер за одбрана и пратеник на Социјалдемократскиот Сојуз

За Демократската Унија за интеграција ова е јасен сигнал дека владата треба да работи на пронаоѓање на решение за името што побрзо, оти само така може да стане полноправна членка на НАТО.

„Грција е внатре во НАТО и има право на вето. И овие изјави се реалност. Ние треба да го решаваме проблемот со Грција.“

вели Рафиз Алити од ДУИ

Деновиве пак министерот за надворешни работи во земјава Антонио Милошоски во Рига изјави дека нашето уставно име е
Грција е внатре во НАТО и има право на вето. И овие изјави се реалност. Ние треба да го решаваме проблемот со Грција.“
Македонија, а наша национална цел членството во НАТО. Притоа тој додаде дека во иднина ќе бидеме во можност да ги смениме условите за прием во НАТО, а Македонија како што рече ќе може на достоинствен начин да и се приклучи на Алијансата.

Аналитичарот Чашуле се сомнева дека компромисот за името кој се поставува како услов за прием во Алијансата наскоро ќе биде решен. За него се пореални се размислувањата во НАТО како да се спречат блокадите во оваа органзиација кои ги поставуваат некои држави.

„За мене, пореални изгледаат размислувањата во НАТО, како да ја спречат злоупотребата на НАТО во случајот со Грција и Словенија кон Македонија и Хрватска, да се користи НАТО и неговите темелни вредности за остварување на цели кои може да бидат последица
За мене, пореални изгледаат размислувањата во НАТО, како да ја спречат злоупотребата на НАТО во случајот со Грција и Словенија кон Македонија и Хрватска
или да се остварат само со завојувачка војна.“

Чашуле сугерира поактивна улога на македонските власти во НАТО круговите за да се докаже посветеноста на земјава кон таа цел:

Врховната команда на НАТО вчера уште еднаш го потврди проширувањето на Алијансата со уште две земји Албанија и Хрватска, кои беа поканети да и се приклучат на самитот во Букурешт лани.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG