Достапни линкови

Предизборни лопати


Премиерот Никола Груевски поставува камен темелник на новата зграда на Уставниот суд

Премиерот Никола Груевски поставува камен темелник на новата зграда на Уставниот суд

Економистите препорачуваат владата да престане да троши државни пари за непродуктивни објекти. Во интензивното поставување камен темелници гледаат предизборна кампања.

Владата да престане да ги троши државните пари за непродуктивни објекти, препорачуваат дел од економистите. Тие посочуваат дека,
Променети се претпоставките и околината во којашто владата ќе може да делува. Во такви услови треба да има промена во однесувањата на владата во делот на расходите во буџетот
во услови на светска економска криза, владата треба да штеди. И опозицијата обвинува дека, со предизборните градби, власта го празни буџетот. Премиерот Никола Груевски на обвинувањата одговори дека Владата само го реализира буџетот изгласан во Собранието.

Маријан Николов од Центарот за економски анализи, смета дека поради кризата Владата не може да ги собере планираните пари во буџетот и затоа треба помалку да троши.

„Променети се претпоставките и околината во којашто владата ќе може да делува. Така што она што би можело во нормални економски услови да се остварува, со одреден буџет, сите тие претпоставки се променети и ресурсите стануваат поограничени отколку што биле. Во такви услови треба да има промена во однесувањата на владата во делот на расходите во буџетот.“

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека Владата е свесна за кризата, но ги поставува камен-темелниците
Треба да троши за инфраструктурни објекти кои придонесуваат за подобрување на условите на стопанисување и на животот на граѓаните и на подобри услови за работа на бизнисмените
само за да ги добие изборите со што поголема предност.

„Јас прогнозирам дека овие лопати што ги фрлаат ќе мора да ги прекине работите на овие објекти и наредните три години ќе се правда дека се прекинати затоа што ги добивме сигналите од кризата, па ќе ги градиме подоцна, па после три години ќе почне пак, за да ги доврши, за да ги добие и наредните избори.“

Хајредини смета дека власта треба да ги насочува парите во инфраструктурни објекти кои му помагаат на стопанството.

„Треба да троши за инфраструктурни објекти кои придонесуваат за подобрување на условите на стопанисување и на животот на граѓаните и на подобри услови за работа на бизнисмените, а не градење на музеј за восочни фигури, за театар, кој засега никому не му треба, затоа што ни се празни постојните сали, за градба на Северна трибина, кога не се полни Јужната, и ред други крајно непродуктивни.“

Професор Билјана Ванковска се согласува дека градењето е дел од предизборната кампања.
Ако нешто во овој период на изборна кампања се користеше, тоа беа лопатите, како главен инструмент на кампањата покрај класичните методи на водење кампања


„Ако нешто во овој период на изборна кампања се користеше, тоа беа лопатите, како главен инструмент на кампањата покрај класичните методи на водење кампања. Овде имаме постојано некои владини застапници кои со лопати удираат темели на неколку зданија.“

Само во последните неколку денови, Владата започна да ги гради новите објекти на Уставниот суд, Драмскиот театар и Македонската филхармонија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG