Достапни линкови

Рен- ЕУ треба да ја нагласи европерспективата на Западен Балкан


Еврокомесарот за проширување Оли Рен изрази надеж дека министрите за надворешни работи на земјите од Европската унија на претстојниот состанок во Чешка, повторно ќе ја нагласат европската перспектива на државите од Западен Балкан. Не би требало да правиме пауза во нашето мошне важно работење за мирот и стабилноста на Западен Балкан, изјави Рен во Брисел во врска со ставот на германската Христијанско-демократска унија- ЕУ во догледно време да не прима нови членки по влезот на Хрватска.
XS
SM
MD
LG