Достапни линкови

logo-print

Кушнер – Политичката криза во Чешка закана за Лисабонскиот Договор


Претседавањето на Чешка со ЕУ е загрозено поради политичката криза во земјата, оцени денеска францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер. Тој изјави дека со тоа ,,уште еднаш се загрозуваат“ настојувањата за ратификација на Лисабонскиот Договор, и потсети дека тоа го немаат сторено Чешка и Ирска. Вчера чешкиот парламент и изгласа недоверба на владата на премиерот Мирек Тополанек. Чешка е актуелен претседавач со ЕУ.
XS
SM
MD
LG