Достапни линкови

Северна Кореја ќе лансира проектил со долг дострел?


Јапонската новинска агенција Кјодо, јави дека Северна Кореја поставила, како што се верува, проектил со долг дострел ,,Теподонг 2“ на рампата за лансирање во постројката Мусуданри, на југот од земјата. Агенцијата Кјодо ова го јавува повикувајќи се на јапонски и американски извори. Северна Кореја соопшти дека планира да лансира сателит во вселената меѓу 4 и 8 април. Регионалните сили сметаат дека всушност станува збор за тестирање на проектил со долг дострел, со што Северна Кореја ги крши санкциите воведени од ОН.
XS
SM
MD
LG