Достапни линкови

logo-print

Обама сака нови односи со Русија, но и проширување на НАТО


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека сака нов почеток во односите со Русија, но посочи дека ,,повторното заживување“ на релациите со Москва, мора да биде доследено на ,,потребата за испраќање на јасен сигнал“, дека вратите на НАТО се отворени за земјите аспиранти за членство во Алијансата. Обама ова во изјави по денешната средба во Белата Куќа со генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер. Русија остро се спротивставува на проширувањето на НАТО во близина на нејзините граници. Денешниот коментар на Обама доаѓа на една недела пред неговата прва средба со рускиот претседател Дмитриј Медведев, што ќе се случи во рамки на Самитот на Групата 20 во Лондон.
XS
SM
MD
LG