Достапни линкови

Дивоградби во Куманово


Куманово - дивоградби

Куманово - дивоградби

Од неодамна станарите од една од станбените згради на улицата „Доне Божинов“ во центарот на Куманово се соочуваат со проблем што им го создава за сега непознат бизнисмен. Тој без градежна дозвола отворил врати и поставил скали на проширениот тротоар, кој се користи и за паркинг. Во Градежната инспекција велат дека тоа е дивоградба која ќе биде урната.

„Се жалевме дека не може на метар и пол од објектот да поставува скали. Не има десет семејства, меѓу кои и Албанци и сите се потпишавме. Газдата има 4 негови станови, но не може скалите да ги поставува тука бидејќи се слева вода помеѓу двете згради.“

Вели еден од револтираните станари, кој претпоставува дека сопственикот е од Ваксинце, Липковско. Тој додава дека извршила увид градежна инспекција,но доколку скалите не бидат отстранети самите станари тоа ќе го сторат.

„Не може да добие дозвола за поставување скали и да отвора врати кои гледаат директно во спалната соба на соседот.За тоа треба да има согласност од станарите-соседите. “

Велат станарите и додаваат дека има и други сопственици кои ги пренамениле становите во деловен простор, но со поинакво решение без да им пречат на соседите. Вера Лазаревска началник на Секторот за инспекциски надзор во Куманово потврдува дека имало поплаки од станарите, извршен е увид и следува решение за отстранување на скалите.

„Сметам дека нема добиено одобрение од Секторот за урбанизам бидејќи се работи за скалишен простор на земјиште на РМ-тоа е бесправно.“

Лазаревска додава дека вакви дивоградби и пренамени на становите во деловни простори се главно во централниото градско подрачје поради фреквенцијата на граѓаните.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG