Достапни линкови

Притвор за грузиските опозициони приврзаници


Грузискиот суд им изрече двомесечен притвор на осумина опозициони активисти до почетокот на судскиот процес против нив. Тие се обвинети за поседување на нелегално оружје, тероризам и завера за државен удар. Според полицијата, тие планирале насилнички акти за време на протестите на опозицијата во Грузија закажани за април. Повеќето од приведените се приврзаници на опозиционата партија ,,Обединета Грузија“ чија лидерка Нино Бурјанадзе беше една од најблиските соработници на сегашниот грузиски претседател Михаел Саакашвили.
XS
SM
MD
LG