Достапни линкови

Претседателот на Судан во посета на Египет


Претседателот на Судан Омар Ал Башир, за кого Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење поради извршени злосторства во Дарфур, денеска пристигна во Каиро на средба со египетскиот претседател Хосни Мубарак. Посетата на Египет, е дел од турнејата на Башир низ земјите кои што немаат потпишано договор со Меѓународниот кривичен суд, и немаат обврска за спроведување на барањето на судот за апсење на Ал Башир. Суданскиот претседател во понеделникот беше во посета на Еритреја, а следната недела треба да отпатува и за Катар.
XS
SM
MD
LG