Достапни линкови

logo-print

Ратификуван договорот за НАТО членството на Хрватска


Хрватскиот Парламент денеска со мнозинство гласови го ратификуваше Северноатлантскиот Договор за влез на Хрватска во НАТО. Договорот го поддржаа 119 пратеници, а против се изјаснил само еден. Во обраќањето пред пратениците, премиерот Иво Санадер изјави дека Хрватска денеска е ,,рамноправен фактор во меѓународната асоцијација“ и дека со членството во „НАТО станува земја - извозник на безбедноста во светот.“ Хрватска заедно со Албанија треба да станат полноправни членки на НАТО на самитот на Алијансата што ќе се оддржи следниот месец.
XS
SM
MD
LG