Достапни линкови

Невремето предизвика штети за земјоделците


Според првичните проценки уништени се раноградинарските култури на површина од околу сто хектари. Штетата се проценува на два милиони евра

Обилните снежни врнежи што ја зафатија земјава на почетокот на пролетта направија голми штети во јужниот дел на Македонија. Неповолностите ќе се одразат и врз житните култури што се порано насеани. Според првичните проценки уништени се раноградинарските култури на површина од околу сто хектари. Комисии на локалната самуправа ги утврдуваат по што проценките треба да бидат доствени до владина комисија. Пари за обесштетување се издвојуваат од буџетот доколку реално се увтрдат штети и во зависност од нивниот процент вели Соња Трајкова од минситерството за земјоделство:

„Во Стојаково, Гевгелија локалната самоуправа формирана е комисија која врши проценка на настанатите штети. “

Уништени се оранжериите и посевите. Да не паднеше целата конструкција ќе можеше да се инрвенира вели професорот Илија Каров:

Штетите претходно земјоделците ги проценија на околу 2 милиони евра. Но, според професорот Каров тие се ненадоместлива зошто не претствува голема загуба само за земјоделците туку и за македоснкиот пазар на рано градинарски култури како и за економијата генерално:

„Едноставно цела една сезона и маката на земјоделците тешко ќе се надокнади. Тоа е губиток за земјоделците, за Македонија и за потрошувачите кои очекуваа производство.“

Снегот кој ги покри пластениците и рано градинарските култури не предизвика проблеми во посевите во останаите делови на земјата но проблемите се совпаднаа со уште неколку неповолни прилики во аграрот. Меѓу дел од фармерите актуелен останува проблемот со исплатата на млекото од Сведмилк, а некои земјоделци реагираат поради влијанијата на светската економска криза врз земјоделството преку ограничувањата на условите за подигање кредити.

„Банките кажуваат дека сме во светска економска криза, така ќе внимаваме многу повеќе на кои земјоделци ќе им даваме кредити, и дали треба да им даваме. Тоа значи, ние како земјоделци и фармери треба да го почувствуваме ударот од светската економска криза.“

Од овие причини Петар Стојановски од регионалното здружение на земјоделци вели дека владата треба да посредува и во случајот на Сведмилк и да најде решени бидејќи фармерите нама да може да го издржат финансискиот притисок .
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG