Достапни линкови

logo-print

Објекти во антички стил во Скопје


Антички скулптури во Владата

Антички скулптури во Владата

Според аналитичарите со изградбата на објекти во антички стил власта праќа политичка и идеолошка порака. Архитектите велат – комбинацијата на модерното со античкото не е само грдо, туку и смешно

Со градењето објекти во антички стил, власта испраќа политичка и идеолошка порака, коментираат дел од аналитичарите по поставувањето камен темелник на зградата на Уставниот суд на Македонија.

Објектот со антички столбови, во кој ќе бидат сместени Уставниот суд, Државниот архив и Археолошки музеј, ќе се гради на левата
Градбите кои продолжуваат да не изненадуваат во некаков чуден антички стил за мене претставуваат ништо повеќе освен политичка и идеолошка порака
страна на Вардар, веднаш до Камениот мост.
Професор Билјана Ванковска вели дека со користењето на античкиот стил, власта се обидува да постави директна врска со историјата.

„Градбите кои продолжуваат да не изненадуваат во некаков чуден антички стил за мене претставуваат ништо повеќе освен политичка и идеолошка порака. Всушност, не е ниту новина дека владетелите низ историјата кога граделе некои монументални градби и споменици сакале да се овековечат себе си, своето владеење и своето време.“

Архитектот Мирослав Грчев вели дека шаренилото од архитектонски стилови може да биде естетски убаво, само ако зградите го одразуваат модерниот дух на времето во кое биле градени. Во спротивно, се прави архитектонски фалсификат, вели Грчев.

„Тука се работи за една идеја, да се креира, да се измисли минато, да се фалсификува на одреден начин минато, да се инсистира на минато со денешни фалсификати коишто по природата на нештата тие не можат да бидат ниту некаква успешна имитација.“

Тој вели дека денес не постои назив за таков архитектонски стил за градбите, кои јавноста ги нарекува антички.
Тука се работи за една идеја, да се креира, да се измисли минато, да се фалсификува на одреден начин минато, да се инсистира на минато со денешни фалсификати коишто по природата на нештата тие не можат да бидат ниту некаква успешна имитација


„Денес не постои назив за таков стил, затоа што во светот не се практикува таков архитектонски израз. Ниту во една земја којашто мене ми е позната. Се работи за стил или архитектонски израл којшто општо земено е напуштен пред некаде помалку од еден век.“

Денеска се поставува камен темелник на новата концертна сала на Македонската филхармонија. Зградата на Филхармонијата е оддалечена само стотина метри од новиот Уставен суд, а ќе биде во модерен стил.

„Таа зграда, на филхармонијата ја остави како зграда од помал интерес за нив, па рече, еве, нека си играат архитектите како сакаат, нека ја направат и модерна. Тоа ќе биде и легитимитет на власта, дека ги поддржува архитектите и нивниот израз каков и да е.“

Архитектите коментираат дека ваквите комбинации се не само грди, туку и смешни.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG