Достапни линкови

Шефот на дипломатијата Милошоски денеска во Естонија


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски престојува во официјална посета на Естонија. Тој денеска ќе се сретне со својот домаќин, шефот на естонската дипломатија Урмас Пает, како и со премиерот Андрус Ансип. За време на престојот во Талин Милошоски ќе има средби и со претседавачите на парламентарните комитети за европски прашања и за надворешни работи, како и со претседавачот на Естонско-македонската парламентарна група.
XS
SM
MD
LG