Достапни линкови

logo-print

Повредени и приведени на протестите во Белград


Петмина граѓани и двајца полицајци се повредени, а 28 луѓе се приведени на синоќешните протести во Белград, соопшти српската полиција. Повод за протестите беше одбележувањето на десетгодишнината од НАТО бобмардирањето на тогашна СР Југославија. Оштетени се и четири возила, како и два ресторана на Мекдоналдс. Нападнати се и новинари на телевизијата Студио Б и на Радио-телевизија Србија.
XS
SM
MD
LG