Достапни линкови

Падот на чешката влада нема да влијае врз ЕУ- уверени во Брисел


Европската комисија синоќа изрази уверување дека падот на владата на чешкиот премиер Мирек Тополанек нема да го загрози ефикасното претседавање на Чешка во Унијата. Во синоќешното соопштение, Комисијата додава дека е уверена оти Чешка ќе успее да ги реши своите внатрешни прашања на начин кој гарантира дека чешкото претседателство ќе функционира како што треба. Претходно опозицијата, благодарение на отпадниците од владеачката коалиција, успеа да ги најде неопходните гласови во Парламентот и да и изгласа недоверба на владата. Премиерот Тополанек, како водач на најголемата партија во Парламентот, изрази надеж дека Претседателот на државата Вацлав Клаус повторно нему ќе му го даде мандатот за состав на нова Влада.
XS
SM
MD
LG