Достапни линкови

Медиумите професионални


Според Советот за радиодифузија и Здружението на новинари медиумите професионално известувале за првиот круг на изборите. Покренати се прекршочни пријави против три телевизии

Медиумите професионало си ја завршија работата за време на првиот круг претседателски и локални избори, констатираат од Советот за радиодифузија и Здружението на новинарите. Пред изборите медиумите биле поделени на анти и про владини, констатираат од проектот
Советот за радиодифузија покрена три прекршочни постапки против три телевизии и упати две укажувања
„Медиумско огледало“.

Претседателот на Советот Зоран Стефаноски вели дека во поглед на покривање на изборите, македонските медиуми го положија тестот на демократијата

,,Ние како регулатор, но и медиумите пред се, извојуваа голема победа за развој на демократијата во Република Македонија и се надевам дека она што се случи со медиумите ќе биде забележано како позитивна оценка за Република Македонија."

Стефаноски посочува дека имало три медиуми кои не ги почитувале правилата на игра кои ги постави советот пред изборите:

,,Советот за радиодифузија покрена три прекршочни постапки против три телевизии и упати две укажувања."

Од друга страна, политикологот и уредник на проектот „Медиумско Огледало“ Горан Стојковски вели дека во предизборието анализите
Медиумите можат да бидат политички, партиски, идеолошки определени, но со тоа стануваат само делумно слобони. Каква е демократијата кога медиумите се ставаат под политичка контрола?
покажале поделеност на медиумите - едни за, други пртотив власта.

,,Тие можат да бидат политички, партиски, идеолошки определени, но со тоа стануваат само делумно слобони. Каква е демократијата кога медиумите се ставаат под политичка контрола?"

Стојковски вели дека поделеноста потекнува од сопствеништвото на медиумите.

,,Во Македонија лидери на политички партии или политичари или блиски до политички партии се сопственици на медиуми."

Од Здружението на новинари велат дека новинарите професионално си ја завршија работата. Мира Костиќ вели дека новинарите известуваа објективно и непристрасно за предизборните активности и за текот на првиот круг гласање.

,,Што се однесува до денот на изборите, новинарите не беа попречувани да си ја извршуваат својата работа, немаше притисоци врз нив."

Костиќ додава дека единствен регистриран проблем е грабежот на редакцијата на албанскиот весник „Факти“.

,,Не знаеме од кои причини е направен грабежот и кои се мотивите. Истражните органи тоа ќе го доведат до крај, но ние како зружение реагиравме на таков начин на упад во еден медиум, што несомнено може да значи и вршење притисок врз тој медиум."

Инаку според неофицијални информации, слободата на медиумите е можниот следен „бенчмарк“ за ЕУ интеграција на Македонија.
XS
SM
MD
LG