Достапни линкови

Одложена конференцијата за пристапување на Хрватска во ЕУ


Хрватското министерство за надворешни работи и европски интеграции денеска соопшти дека било очекувано оддложувањето на Меѓувладината конференција за пристапување на Хрватска во Европската Унија со оглед на блокадата од Словенија поради граничниот спор. Чешкото претседателство со ЕУ денеска соопшти дека ја одложува конференцијата за пристапувањето на Хрватска во Унијата, што беше предвидена за 24 април, и дека очекува дотогаш да биде постигнат напредок во решавањето на прашањето околу блокадата од Словенија.
XS
SM
MD
LG