Достапни линкови

Северна Кореја наведува дека има право на вселенска програма


Северна Кореја ги предупреди Соединетите Држави, Јапонија и останатите земји да „не се мешаат“ во нејзините планови околу лансирањето на сателит во вселената, планирано за следниот месец. Во соопштението од севернокорејското Министерство за надворешни работи се наведува дека земјата има право ,,да развива мирољубива вселенска програма.“ Пјонгјанг исто така испраќа предупредување дека евентуалното воведување на санкции кон земјата би можеле да наштетат на договорот за нуклеарно разоружување потпишан во 2005-та година меѓу Северна Кореја и шест други држави.
XS
SM
MD
LG