Достапни линкови

Грузија - Уапсени политичари од опозицијата


Нино Бурјанадѕе - лидер на опозицијата во Грузија

Нино Бурјанадѕе - лидер на опозицијата во Грузија

Властите во Грузија уапсија неколкумина членови на водечката партија на опизицијата за илегална набавка на оружје. Лидерката на опозицијата Нино Бурјанадѕе, поранешенна претседателка на парламентот, оцени дека апсењата се дел од кампањата на терор против нејзината партија. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Шота Утаишвили изјави за Радио Слободна Европа дека истрагата треба да утврди зошто осомничените се обидувале да купат токму кратки калашњикови.

“Нелегално е да се поседува автоматско оружје. Тоа е многу вознемирувачко. Сега наша цел е да утврдиме за што требало да се употреби тоа оружје”.

Меѓу уапсените е и возачот на сопругот на Бурјанадѕе, неколкумина пријатели на нејзиниот син и лидерот на партијата за регионот Ајара. Утаишвили демантира дека апсењата се политички мотивирани, изјавувајки дека полицијата почнала истрага во врска со илегалните пазари за оружје по серијата напади врз полициски станици во Тбилиси и во други грузиски градови. До апсењата доаѓа во време кога главната опозициона партија се подготвува за масовни демонстрации, предвидени за 9-ти април, на кои ќе бара оставка од претседателот Саакашвили. Тој, пак, пред неколку дена јавно ја обвини Русија дека ја финансисра опозицијата во Грузија со цел да биде соборена про-западната влада. Грузиската телевизија прикажа и неколку видео снимки на тајна трговија со оружје. Лидерката на опозицијата, Бурјанадѕе изрази сомневање во автентичноста на снимките.
Грузија - протест, Март 2009


“Зборувајки не како политичар, туку како адвокат, можам да кажам дека ниеден суд не може да го земе како доказ она што го видовме на телевизија. Знаеме многу добро како се прават такви снимки”.

Бурјанадѕе и Саакашвили беа сојузници во времето на про-западната револуција во Грузија во 2003-та година, но се разделија во мај 2008-ма пред парламентарните избори. Притисокот врз Саакашвили се зголеми по августовската војна со Русија околу сепаратистичките региони Абхазија и Јужна Осетија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG