Достапни линкови

Македонската полиција привела илегалци од Авганистан


Девет авганистански државјани, кои илегално престојувале во Македонија се приведени завчера во кумановското село Лојане од страна на полицијата, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Авганистанските државјани, веќе предадени во Прифатниот центар за странци-Скопје, Тие тврделе дека лица од Авганистан за 6.000 евра, преку Унгарија и Србија им го организирале транспортот до Грција. Според МВР, во Прифатниот центар моментно престојуваат вкупно 38 авганистански државјани, за кои е поведена постапка за враќање во нивната матична земја.
XS
SM
MD
LG