Достапни линкови

logo-print

Во Рига средба Милошоски - Џонс


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска на маргините на состанокот на иницијативата Адриатик-Балтик-Атлантик се сретна со америкaнскиот заменик помошник државен секретар Стјуарт Џонс, јави МИА. На средбата е разговарано за повеќе прашања, меѓу кои и за билатералните односи и за мисијата на НАТО во Авганистан. Џонс го потенцирал зголеменото американско учеството во Авганистан со дополнителни 17.000 војници, што претставува сигнал и порака до другите земји.Милошоски пак го информирал Џонс дека според учеството во мисијата во Авганистан, Македонија е на шесто место по бројност во ИСАФ според глава на жител. Во врска со дијалогот со Грција околу името, Милошоски рекол дека медијаторот на ОН Метју Нимиц, според практиката, кога има изборни кампањи е помалку активен.
XS
SM
MD
LG