Достапни линкови

Производството паѓа


Зграда на Владата на Република Македонија
Зграда на Владата на Република Македонија

Индустриското производство во февруари двојно намалено во споредба со еден месец претходно. Бизнисмените очекуваат тешки две години за Македонија, а експертите сметаат дека има елементи на рецесија

Домашното производство е двојно намалено во Фебруари, во споредба со Јануари годинава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека производството е намалено за над 55 отсто во преработувачката индустрија. Од Министерството за финансии одбиваат да ги коментираат овие податоци. Дел од експертите исто ака избегнуваат коментар, посочувајки дека внимателно
Се гледа, отпуштања на работници, намалување на производство, тоа се елементи на рецесија
треба да се анализираат податоците за да се утврди дали овој пад е најава на рецесијата во Македонија. Други пак, велат дека не е ризично да се констатира дека земјава веќе е соочена со застој во економскиот раст. Професорката Марија Зарезанкова Потевска вели дека мора да им се попмогне на стопанствениците со овозможуивање на полесен пристап до капитал

„Да не бидат толку скапи кредитите. САД постојано даваат нови пари, за банките за да се овозможат кредити, затоа што единствено со нови извори на финансирање може да се подигне производството, а не со рестриктивна политика кредитна.“

Според Зарезанкова Потевска, не е рано да се заклучи дека рецесијата е веќе започната во Македонија

„Се гледа, отпуштања на работници, намалување на производство, тоа се елементи на рецесија.“

Со констатациите на експертите се согласуваат и претставници од бизнис заедницата во земјава. Според бизнисменот Ристо Гуштеров, тешки периоди допрва ќе има во македонската економија:

„Мислам дека Македонија ќе има тешки моменти 2009 и 2010 година. Некое помало оживување ќе има во 2011 година.“

Гуштеров предлага намалување на увозот на сите стоки и производи кои не се суштински потребни, додавајки дека Владата треба да
Мислам дека Македонија ќе има тешки моменти 2009 и 2010 година. Некое помало оживување ќе има во 2011 година
превземе поконкретни мерки за олеснување на ефектот на светската криза врз домашната економија:

„Селективно треба да оди од сектор во сектор, намалување на ДДВ-то. Намалување на царините на 1 насто, или само царинско евидентирање на суровините и репроматеријали за сегменти од индустријата кои се извозно ориентирани.“

Инаку, паралелно со намалувањето на индустриското производство, се намалуваат и бројот на активни погони во поголемите компании. Според официјални податоци компаниите користеле помалку од половина од своите капацитети минатиот месец во споредба со јануари годинава.
XS
SM
MD
LG