Достапни линкови

logo-print

Обама ќе ги спасува Банките


Барак Обама и Тим Гаитнер

Барак Обама и Тим Гаитнер

Како што јавува нашиот дописник Ендрју Тули од Вашингтон, во новиот јавно приватен инвестиционен план, или, план за спас на банките, е вклучена владината понуда за поволни кредити на приватните инвеститори за да откупат еден трилион токсични финансии од банките со цел тие да можат да се вратат на нивната основна работа да ја кредитираат економијата. Тоа е еден од неколкуте програми кои Претседателот Барак Обама ги лансираше во првите два месеца од мандатот. Другите се 787 милијарди за креирање работни места и стимулирање на економијата, како и дополнителни 750 милијарди во Федералниот буџет кој почнува на 1 Октомври за стимулилрање на потрошувачката.
Убедени сме дека планот за спас на Банките ке успее


"Ние сме многу убедени дека во координација со Федералните резреви и другите релевантни институции не само што ке ги деблокираме кредитните пазари, туку ке создадеме регулаторни власти кои нема да дозволат ваква системска криза да се повтори".

изјави Барак Обама. Белата Куќа се надева дека приватните инвеститори по реално ќе ја определат вредноста на финансиите. По објавата на планот, критиките веднаш пристигнаа. Алан Мелтзер економист од Карнеги Мелон Универзитетот и Американскиот Ентерпрајз Институтот вели дека Обама треба да дозволи не солвентните банки да пропаднат. Со него пак, не се согласува Нобеловецот Пол Кругман од Принстон, кој вели дека американската администрација треба да привремено да ги превземе несолвентните банки. Прашањето е дали планот на Обама и Гаитнер ке функционира.
Алис Ривлин поранешен директор на Канцеларијата за Манаџмент и Буџет вели.

"Па, никој не знае, но јас мислам дека планот е добар и има добри шанси. Важно е да се најде начин да се ослободите од проблематичните финансии и јас мислам дека тоа што владата ги носи приватните инвеститори е позитивно".
Тоа што се носат приватните инвеститори е позитивно


Според критичарите пак во планот нема ризик за приватните инвестори и било каква загуба ке биде врз сметката на даночните обврзници. Ривлин тоа го признава, но вели дека не гледа друг начин да се убеди приватниот сектор да инвестира. Во меѓувреме, берзите веднаш реагираа позитивно на планот за спас на банките предложен од американската администрација.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG