Достапни линкови

Честитка од САД за успешните избори


Соединетите Американски Држави им честитаа на Македонија и на нејзините граѓани за успешно спроведениот прв круг од претседателските и локалните избори. Стејт департментот истовремено ја повика Владата и другите релевантни институции во Македонија да го одржат таквото ниво за да се справат со преостанатите предизвици што беа забележани во прелиминарната оценка на ОДИХР, со што би осигурале гласањето во вториот круг на 5-ти април да се одржи во безбедни, слободни и праведни услови.
XS
SM
MD
LG