Достапни линкови

Занијер – Состојбата на Косово е генерално стабилна


Шефот на УНМИК Ламберто Занијер на денешната седница на Советот за безбедност на ОН на која се разгледува ситуацијата на Косово, изјави состојбата генерално е стабилна, но додаде дека сепак во некои делови од Косово владее етнички нетрпеливост. Тој исто така посочи дека реконфигурацијата на УНИК се спроведува успешно. Обраќајки се на седницата српскиот претседател Борис Тадиќ ги повика земјите членки на ОН да не ја признаваат косовската независност, додека не се изјасни Меѓународниот суд за правда. На седницата присуствува и шефот на косовската дипломатија Скендер Хисени кој оцени дека Косово значително напредува и побара да биде заврешен мандатот на УНМИК.
XS
SM
MD
LG