Достапни линкови

Скопје без изборни прослави


Прослава на изборна победа во Скопје
Прослава на изборна победа во Скопје

По првиот круг од изборите изостанаа прославите на скопските улици. Славеничката атмосфера остана во изборните штабови.

Живата атмосфера во изборните штабови годинава не се проектираше на скопските улици. За разлика од минати парламентарни и локални избори, овој пат, по завршувањето на изборите граѓаните не се собраа во голем број да ја прослават победата на своите фаворити на скопските улици. Додека во изборните штабови портпаролите најавуваа победа со различна интерпретација на обработените резултати од изборите, скопјани мируваа.
Исклучок беа едвај дваесеттина симпатизери кои околу еден часот по полноќ, по завршните прес конференции во предизборните штабови се собраа на плоштадот Македонија да ја прослават победата на своите фаворити. Симпатизерите со слични очекувања за работата на нивниот фаворит

„Убедлива победа.“
„Подобар живот.“
„Она што го кажаа очекувам да го исполнат и верувам дека ќе го исполнат.“
„Подобра општина“

Освен на плоштадот Македонија, некаде околу полноќ беше најавена прослава на симпатизери на албанските политички партии кај споменикот на Скендербег. Сепак, околу еден часот и триесетина минути, просторот пред Скендербег беше празен. Подалеку од силната музика која ечеше од плоштадот, во центарот на главниот град беше мирно и тивко.

Мирниот ден навидум заврши како што почна. Во Скопје се забележува вообичаената раздвиженост, карактеристична за првиот работен ден од неделата. Граѓаните кои беа затечени во центар велат дека не славеле, и дека немаат намера да слават ни за време на вториот круг

„Немам доверба во никого и немам што да славам, ништо убаво не гледам.“
„Дома имаше убава атмосфера, ама на улица не.“
„Нема потреба, што се случи за да славам!?“

За очекувањата од вториот круг гласање, граѓаните со различни одговори.

„Јас знам како одат изборите, сум работела, знам какви манипулации може да се направат и затоа немам доверба.“
„Да бидат фер, демократски.“
„Би сакал да биде фер и демократски, не знам дали ќе биде.“

Инаку вториот круг избори се закажани за петти април.
XS
SM
MD
LG