Достапни линкови

Обраќање на Тадиќ на седницата на ОН за Косово


Претседателот на Србија Борис Тадиќ ги повикува членките на Обединетите Нации, кои сеуште не го признале Косово, да останат воздржани се додека Меѓународниот суд на правдата не донесе одлука за тоа дали еднострано прогласената косовска независност е во согласност со меѓународното право. Тадиќ во својот говор на седницата на Советот за безбедност на ОН на која се разгледува ситуацијата на Косово, ќе посочи и дека Србија се залага за нови преговори и дека ќе продолжи по дипломатски пат да го брани својот интегритет. На седницата се разгледува извештајот на Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за состојбата на Косово, а на неа присуства и косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени.
XS
SM
MD
LG