Достапни линкови

ЕУ и Украина ќе работат на реформа на украинскиот гасовод


Лидерите на Европската Унија и Украина на денешниот состанок во Брисел се заложија да работат заедно на реформирањето на украинскиот систем за транзит на гас. Украинскиот претседател Виктор Јушченко изјави дека Киев е непоколеблив во намерата за модернизирање на системот за транзит на гас според европските стандарди. Премиерот Јулија Тимошенко пак изјави дека на Украина и се потребни 5,5 милијарди евра за подобрување на транзитната мрежа и за зголемување на нејзиниот капацитет. Во јануари несогласувањата меѓу Русија и Украина околу испораката на гас, предизвикаа двонеделна енергетска криза во Европа.
XS
SM
MD
LG