Достапни линкови

logo-print

Одлични избори


Гласачи чекаат да гласаат на избирачко место во Скопје

Гласачи чекаат да гласаат на избирачко место во Скопје

Македонските експерти оценуваат дека вчерашните избори биле одлично спроведени. Според нив, рано е да се каже каква ќе течат македонските евро интеграции по изборите

Македонија го положи првиот дел од матурскиот испит, спроведувајќи мирни претседателски и локални избори. Ова е генералната
Треба да се каже јасно и отворено дека вчерашните избори беа одлични, на ниво на организација, на ниво на немање тензии, на ниво на немање големи скандали
оценка на домашните аналитичари за тоа како помина првиот изборен круг. Немањето инциденти и поголеми неправилности во гласачката процедура, ни дава за право да заклучиме дека изборите поминаа во коректна атмосфера, вели политикологот Горган Георгиев.

„Ние имаме многу лош репер за спроведување на претходните избори кои беа катастрофални. Но, не треба да се биде малициозен и треба да се каже јасно и отворено дека вчерашните избори беа одлични, на ниво на организација, на ниво на немање тензии, на ниво на немање големи скандали, освен некои минорни што ги посочуваше опозицијата. “

Мирното и демократско спроведување на изборите според проф. Јетон Шасивари од Штуловиот универзитет било резултат на засиленото присуство на полицијата на избирачките места.

„Повеќе се должи на зајакнатите мерки на безбедност, отколку на ангажманот на политичките партии и политичката култура.“

Помалата излезност во однос на претходните изборни циклуси односно одзивот на гласачите од околу 58 отсто, експертите го објаснуваат со фактот дека граѓаните се уморни од истите ветувања и постапки на релевантните политички субјекти.

„Тоа би значело дека предизборната кампања не ги мотивираше апстинентите да излезат на избори и во неа, сепак, во прв план излегоа
Мирниот изборен ден повеќе се должи на зајакнатите мерки на безбедност, отколку на ангажманот на политичките партии и политичката култура
политичките партии и политичките лидери, а зад нив останаа кандидатите и изборната понуда.“

Но, може ли да се очекува оти победата на владејачката коалиција во првиот изборен круг ќе смени нешто во начинот на водење на евроинтегративната политика на земјава? За некои од аналитичарите рано е да се прогнозира додека не помине и вториот круг, но според други тешко е да очекуваме некакво забрзување на тој процес и драстична промена на веќе слушнатите ставови:

„ВМРО ДПМНЕ како партија понудија кандидат којшто не излезе на мегдан да ги каже своите ставови. Ние не знаеме што тој мисли, знаеме што мисли и како делуваше премиерот во минатото и тука во таа смисла не можеме многу да очекуваме, голема промена во однос на евро атлантските интеграции.“
„Мислам дека е рано да се даваат такви оценки со оглед на фактот дека останува и вториот изборен круг.“

изјавија Георгиев и Шасивари.

Експертите велат дека досегашното искуство на македонската политичката сцена покажува дека владејачките партии се тие кои го диктираат темпото и начинот на кој се води надворешната политика во земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG