Достапни линкови

logo-print
Македонија одржа мирни претседателски и локални избори, за разлика од парламентарните во минатата година кога имаше оружени пресметки меѓу приврзаниците на ривалските партии на албанците во таа земја. Ова накусо е содржината на известувањата на странските агенции во кои се прецизира дека во текот на вчерашното гласање не биле забележни поголеми неправилности. Агенциите потсетуваат дека на овие избори се гледа како на тест за македонската подготвеност да стане членка на НАТО и на Европската унија. Агенцијата Ројтерс ја пренесува оценката на амбасадорот на Европската унија Ерван Фуере дека изборите се одржувале во мирна атмосфера. Асошиетед прес, наведувајќи дека политичарите го поздравиле тоа што на изборите немало насилства, додава оти сепак имало извесни забелешки за застрашување на гласачите. Весникот Њујорк Тајмс пак потсетува на фактот дека меѓународната заедница
Иако станува збор за претежно церемонијална функција, претседателот може да биде влијателен во надворешната политика.
предупреди дека доколку овие избори не бидат фер и мирни тогаш земјата ризикува да ја загуби шансата за почнување на преговорите за членство во Европската унија. ,,Република Македонија вчера одржа избори за свој четвртти претседател од нејзиното осамостојување во илјада деветстотини деведесет и првата година, испраќајќи добредојден сигнал на стабилност до Европската унија и НАТО,, се констатира во веста на Фајненшал Тајмс во која се нотира, како што се наведува, големата видливост на полицијата на избирачките места, посебно во северозападниот дел на земјата. Весникот додава дека кандидатот на владејачката партија Ѓорге Иванов имал, како што се наведува, непобедливо водство над неговиот ривал Љубомир Фрчкоски, од левиот центар. Фрчкоски, според германската агенција ДПА, бил пред изненадувачки силниот поранешен министер за внатрешни работи и член на ВМРО Љубе Бошкоски. Агенциите додаваат дека за две недели следува вториот круг по што ќе се знае кој ќе биде четвртиот претседател на Македонија. Иако таа е претежно церемонијална функција, претседателот може да биде влијателен во надворешната политика. Тоа е од особено значење ако се има предвид дека во предизборната кампања доминираше спорот со Грција околу името, односно евроатлантските интеграции на земјата, заклучуваат странските агенции.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG