Достапни линкови

Ѓорѓе Иванов води на претседателските избори


Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов гласа на вчерашните избори
Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов гласа на вчерашните избори

Според првичните резултати на ДИК втор е Љубомир Фрчкоски, а трет Љубе Бошковски. Според ВМРО ДПМНЕ тие победиле во 23 општини на локалните избори, а СДСМ објави победа во четири општини

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргe Иванов, кој освоил 103.809 води во првиот круг од изборите одржани во неделата. Според неофицијалните податоци од државната изборна Комисија зад него е кандидатот на СДСМ и НСДП Љубомир Фрчкоски со 55.436 гласа , па независниот кандидат Љубе Бошкоски со 46.382 гласови.Следуваат кандидатот на Нова Демократија Имер Селмани со 37.570.Агрон Буџаку од ДУИ е петти со 19.127, па Мируше Хоџа од ДПА со 9.234 и Нано Ружин од ЛДП со освоени
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, наспроти СДСМ која победи во четири општини, во првиот круг ја доби довербата на граѓаните во 23 општини и претседателскиот кандидата Ѓорге Иванов доби најголем број гласови од граѓаните и со убедливо водство влегува во вториот круг
8.468.Обработени се нешто повеќе од 40 проценти,а според последните информации од ДИК, одѕивот на гласачите е 58,16 отсто.
Кандидатот на владеачката партија Горге Иванов оцени дека Македонија покажала дека има капацитет за фер и демократски избори и дека го положила испитот на зрелоста и покажала одговорност

„Не само што спроведовме такви избори туку тие беа без никаков пропуст и забалешка. Покажавме на дело дека европските вредности живеат во Македонија, оти Македонија заслужува да биде дел од ЕУ и НАТО“

Кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчкоски гласа на изборите
На прес конференцијата одржана доцна синока наведе дека очекува противкандидат во вториот круг да му биде Љубомир Фрчкоски од СДСМ. Во победнича атмосфера од Изборниот Штаб на ВМРО ДПМНЕ обраќање имаше и претседателот на партијата Никола Груевски кој оцени дека изборите се победа на граѓаните на Македонија зошто тие се најзаслужни што синоќа победила демократијата. Спред него ВМРО ДПМНЕ победиле во 23 општини

„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, наспроти СДСМ која победи во четири општини, во првиот круг ја доби довербата на граѓаните во 23 општини и претседателскиот кандидата Ѓорге Иванов доби најголем број гласови од граѓаните и со убедливо водство влегува во вториот круг,“

Според аналитичкиот центар во штабот на СДСМ, соодносот меѓу претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов и кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчковски како што рече на прес-конференција портпаролот Емилијан Станковиќ е 1,5 спрема 1. Во врска со локалните избори Портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ на завршната прес-конференција во штабот повтори дека
ВМРО-ДПМНЕ за девет месеци, од последните парламентарни избори, загубила 150 илјади гласови од граѓаните и тоа е рекордно паѓање на рејтинг на една политичка партија
партијата во првиот круг ги добила градоначалничките места за Струмица, Куманово, Вранештица и Дебарца. СДСМ води и во општините Велес и Демир Хисар, во општина Центар водат и за претседателските и на локалните избори, а во општина Карпош дека имаат 25 отсто повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ за девет месеци, од последните парламентарни избори, загубила 150 илјади гласови од граѓаните и тоа е рекордно паѓање на рејтинг на една политичка партија.“

Демократска унија за интеграција објави дека е сигурна победа на локалните избори во 4 општини. Според шефот Гзим Острени победата на ДУИ е сигурна во општините Сарај, Дебар, Студеничани, Зајас, Желино, Врапчиште, Теарце и Осломеј. Претседателскиот кандидат на Нова демокартија Имер Селмани според податоците на неговиот Изборен штаб води пред кандидатите на ДУИ Агрон Буџаку и на ДПА Мируше Хоџа, а Според ДУИ, нивниот претседателски кандидат Агрон Буџаку е во водство 2:1 во однос na другите двајца кандидати од албанскиот блокЛидерот на ДПА Мендух Тачи рече дека кандидатите на ДПА се во блага предност во Тетово и во четирите други општини во Тетовско.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG