Достапни линкови

Ситуацијата на Косово- тема на седница на Советот за безбедност на ОН


Советот за безбедност на ОН, попладне по средноевропско време, ќе ја разгледува ситуацијата во Косово. Ставовите на Србија на оваа седница ќе ги застапува претседателот Борис Тадиќ, кој во петокот во Белград повтори дека Србија ќе продолжи да го брани својот интегритет и суверенитет на Косово и тоа со дипломатски и правни средства. На седницата на ОН ќе присуствува и шефот на косовската дипломатија Скендер Хисени. Свои редовни извештаи за ситуацијата во Косово ќе поднесат генералниот секретар на Светската организација Бан Ки Мун и неговиот специјален пратеник и шеф на УНМИК Ламберто Заниери.
XS
SM
MD
LG