Достапни линкови

Чешкиот заменик премиер Вондра во посета на САД


Чешкиот заменик премиер Александар Вондра денеска за време на посетата на САД ќе разговара со претставници на американската администрација и на Конгресот. Вондра, чија земја претседава во Европската Унија, ќе се сретне со советникот за национална безбедност Џемс Џонс, заменикот на државниот секретар Џим Стајнберг и со конресменот Роберт Векслер, кој е претседавач на поткомисијата за европски прашања. Инаку, американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети Прага, каде што на 4-ти и 5-ти април ќе биде одржан самит Европска Унија – Соединети Американски Држави.
XS
SM
MD
LG