Достапни линкови

logo-print

Иванов и Фрчкоски во вториот круг?


Според првичните резултати од 921 од вкупно 2976 избирачки места, објавени од Државната изборна комисија вечерва води кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 60,244 гласа. Зад него се кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчскоски со освоени 31,130 гласа и независниот кандидат Љубе Бошкоски со 26,621 глас. Кандидатот на Нова демократија Имер Селмани има освоено 21,306 гласа, додека кандидатот на ДУИ Агрон Буџаку до сега освоил 10,860 гласа. Одзивот на гласачите на овие избирачки места изнесувал 57,2 отсто.
XS
SM
MD
LG