Достапни линкови

logo-print

Иванов неофицијално во вториот круг, против Бошкоски или Фрчкоски?


Ѓорге Иванов, кандидатот на владејачката ВМРО ДПМНЕ освои најмногу гласови во првиот круг на претседателските избори во Македонија, според првичните нецелосни резултати на Државната изборна комисија и според партиски извори. За второто место што води во вториот круг, кој ќе биде одржан за две недели, мртва трка водат независниот кандидат Љубе Бошкоски и кандидатот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз Љубомир Фрчкоски. Засега нема официјални информации за тоа колку гласови освоиле кандидатите за градоначалници и за членови на Советите на 84 општини и на Град Скопје, како и за одзивот на гласачите.
XS
SM
MD
LG