Достапни линкови

Сикорски – САД да не се откажува од антиракетниот штит


Полска изрази надеж дека Соединетите Држави нема да се откажат од плановите за инсталирање на анти-ракетниот штит на нејзина територија. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека Варшава презела ,,некои политички ризици“ со потпишувањето на договорот со администрацијата на поранешниот американски претседател Џорџ Буш. Сегашниот претседател на Соединетите Држави Барак Обама врши ревизија на американската безбедносна политика, вклучувајќи го и планот за анти-ракетниот штит кој треба да биде разместен во Полска и Чешка, на што силно се спротивставува Русија.
XS
SM
MD
LG