Достапни линкови

logo-print

Турција не го сака Расмусен на чело на НАТО?


Турција може да го блокира назначувањето на данскиот премиер Андерс Фог Расмусен за следен генерален секретар на НАТО, поради неговите ставови дека Турција никогаш нема да стане членка на ЕУ како и поради спорот околу објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед во еден дански весник, соопшти денеска неименуван висок турски претставник. Одлуката треба да биде донесена наредните денови, но може да се случи Турција да го примени правото на вето, изјавил турскиот претставник. Тој додал дека Анкара повеќе сака на позицијата генерален секретар на НАТО да го види канадскиот министер за одбрана Питер Меккеј, потенцирајќи ја канадската политичка поддршка за Турција во минатото.
XS
SM
MD
LG